КАМАТИТЕ ЌЕ СИ ГИ ПЛАЌА НАРОДОТ: Македонија ќе влезе во должничка криза поради политиките на СДС, ново задолжување од 35 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 

На официјалната страна на Министерството за финансии е објавена нова аукција на државни хартии од вредност. Имено, на 09.01.2018 година е закажана акукција на 10 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 170.000.000 денари и 15 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 2.015.000.000 денари.

Тоа е износ од 35 милиони евра кои македонските граѓани ќе треба да ги враќааат во иднина, пишува Економски.мк.

Деновиве исто така актуелна беше и информацијата за топењето на девизните резерви за 27 милиони евра заклучно со месец ноември. Имено, во ноември минатата година девизните резерви изнесувале 2.273.650.000 евра или 27 милиони евра помалку што значи дека секој граѓанин изгубил по 800 денари додека секое четиричлено семејство по 3.200 денари или 50 евра.

Исто така има и намалување на монетарното злато – во ноември монетраното злато изнесувало 239.930.000 евра додека на 31.10.2016 година изнесувало 242.900.000 евра што значи дека има намалување од 2,9 милиони евра.Македонската економија во 2017 година забележа катастрофални резултати, бруто домашниот производ е историско најлошиот што некогаш Македонија го имала. Имено економијата едвај ќе забележи „раст“ од 0,5% БДП во 2017 година . Индустриското производство беше во пад фабриките пред стечај додека од новите странски инвестиции ни трага ни глас. Економските експерти не предвидуваат блескава 2018 година на економски план, тие велат дека проектираниот раст од 3,2 % е нереален и дека Македонија ќе биде среќна ако достигне раст на БДП од 1,5 % во 2018.

Погубните екононски политики на новата влада предизвикаа уназадување на економијата и креирање на несоодветна и непосакувана бизнис клима. Задолжувањата растат и експертите предупредуваат дека со ваквото темпо на задолжување Македонија може да се соочи со грчкото сценарио.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This