КАМБОВСКИ РАСПУКА ПО ФРЧКОВСКИ: Криминогена амеба која се формирала низ службување на сите предходни влади. “Опскурна личност, потрошена таксена марка, полн со бескрајна дрскост, екстремен егоизам и вродена омраза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Владо Камбовски излезе со реакција на колумната на Љубомир Фрчковски во која Професорот Фрчковски со навредливи зборови го оспорува изборот на Владо Камбоски за Претседател на стратешката комисијата на Влада која треба да ги спроведе реформите на Прибе во земјата.

Камбовски во својата реакција најави тужба за Фрчковски и истакна дека е фрапиран од количината на злоба и беспримерни лаги. Камбовски додаде дека тој вопшто не бил запознаен дека ќе биде Претседател на некој комисија во владат, но ако се побара од него би прифатил. Тој го постави прашањето како авторот на колумната дознава за одлуките на Владата и дали тој е нејзни ментор или супервизор.

За својот колега Камбовски не штедеше зборови па го нарече криминогена амеба која се формирала низ службување на сите предходни влади. “Опскурна личност, потрошена таксена марка, полн со бескрајна дрскост, екстремен егоизам и вродена омраза, со која целиот период на транзиција Фрчковски го контаминирал медиумскиот простор со тежок радиоактивен отпад” се епитетите со кои Камбовски го опиша својот колега.

Според Камбовски доволно е да бидат споменати бројните кривични пријави за злоупотреби и како и кривични тужби како и стекната способност на политичка јагула за знаменитиот јунак на македонската транзиција, кој е создаден како ,,Апсолут на неморално,користољубиво и криминогено битие (затоа бега од самото споменување на законот како ѓаволот од крстот!)’’

Тој додадава ,,Навредливите ставови на оваа опскурна личност не може да засегнат, напротив, земајќи ги како контрапункт на исправното- само ве зацврстуваат во уверувањето дека сте на вистинскот пат. Особено ни мене, ни кој било друг од научната фела може да го тревожат неговите оценки за тоа дали сум научник или не, колкаво и какво е моето знаење итн. Кога тие доаѓаат од човек кој е, за жал, редовен професор на правни студии, а не е и не може во Одборот за акредитација и евалуација да биде акредитиран за ментор на докторски студии, зашто нема никаква релевантна научна продукција, работата е сосема јасна. За науката има вредност на „поништена таксена марка“ човекот кој смета (арно велеше Цепенков: „има многу филозофи што станале гоедари, и многу гоедари што станале филозофи„) дека врвното знаење е содржано во неговите (добро платени) колумни, пишувани според политичката потреба на денот и моменталната финансиска потреба на авторот.’’

 

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This