Каменос почна да ги исклучува од партијата поддржувачите на Ципрас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на партијата „Независни Грци“, Панос Каменос ја исклучи од партијата министерката за туризам на Грција, Елена Кундура, која што јасно кажа дека ќе ја поддржи владата на Ципрас при гласањето доверба во парламентот, пренесува „Катимерини“.

На иста линија со министерката е и нејзиниот сопартиец и заменик-министер за земјоделство, Василис Кокалис, кој утрово исто така се изјасни дека на гласањето ќе даде поддршка на актуелната власт.

Се очекува наскоро Каменос, да објави и негово исклучување од редовите на „Нова Демократија“. Потпретседателот на “Независни Грци“, Панајотис Сигуридис, во денешната изјава за телевизијата Скај, рече дека функционерите од нивната партија својот глас за поддршка на владата на Ципрас го тргувале во замена за задржување на министерската или заменичката позиција во власта.

Ваквиот развој на настаните следува откако вчера Каменос објави дека се повлекува од коалицијата со владејачката Сириза, а премиерот Алексис Ципрас повика Парламентот да гласа за доверба на владата. Според собранискиот спикер, дебатата по точката треба да започне утре, а се очекува гласањето да се случи во среда попладне,, пренесе агенцијата АНА-МПА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This