Камерите снимиле неверојатен грабеж: Седнал зад слот машината и по неколку минути излегол со 8.000 долари – а воопшто не играл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата во Атланта е во потрага по двајца мажи кои на несекојдневен начин украле 7.900 долари од слот машина на една бензиска станица.

Имено, камерата снимила двајца крадци кои седеле на апаратите. Додека едниот мирно седел и играл, другиот нешто “чачкал”. Успеал некако да го отвори апаратот и да ги извлече парите преку отворот, односно околу 8.000 долари.

После тоа заминале во непозната насока, а работникот на бензиската случајот го пријавил во полиција.

Полицајците ја објавиле снимката со надеж дека граѓаните ќе им помогнат да ги фатат разбојниците.

Видеото можете да го видите ТУКА.

Американка освоила 42 милиони долари, па од казиното ѝ соопштиле дека тоа е системска грешка

Катрина Букман е веројатно најразочараната личност на светот или барем беше кога од казино во Њујорк доби информација дека одлучиле да ја поништат нејзината добивка од 42 милиони долари, бидејќи сметаат дека дошло до системска грешка.

Катрина играла на машините во казино кога сијаличките се вклучиле и се огласила музиката, а на екранот се прикажа износ од 42.949.672,76 долари. Таа почнала да слави дури и се фотографирала со екранот, но управата на казиното ја разочара со изјава дека џекпотот е грешка и дека таа нема да ги добие парите.

Во знак на извинување, казиното ѝ понуди вечера во нивниот ресторан или два долари кои ги потрошила за играта. Таа одлучи да не ги прифати тие понуди и случајот го изнесе на суд, барајќи да ѝ се исплатат 43 милиони. Исто така одлучила да го пријави казиното, бидејќи не ги одржуваат машините.

Ова не е прв пат казиното да биде на суд поради неисплатен џекпот. Имено, уште една Американка ги тужела, бидејќи не ѝ исплатиле 42 милиони долари кои ги добила на Hello Kitty машините. Судот тогаш застана на страната на казиното и пресуди во нивна корист, а сè уште не е јасно што точно ќе се случи во случајот на Катрина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This