КАМИКАЗАТА ОД ПСАЧА: Дане Илиев, камиказа во името на СДСМ и Тито Петковски од Псача!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател на Врховен суд, Дане Илиев излезе на Телма да говори против одлуката на Врховен суд кој констатираше повреда на пониските судови за постапката против Сеад Кочан и одлуката за притвор. Зад ова не седи правна аргументација, туку политичка мотивација. Дане Илиев целата своја кариера вклучувајќи ја и најпрестижната функција претседател на Врховниот суд ја должи на врската со Тито Петковски, со кого потекнуваат од селото Псача, пишува порталот Журнал.

dane-iliev-640x360

-Петковски и СДС е животниот мецена на Дане Илиев. Откако стекнува моќ и позиција во Врховниот суд, угледни судии кои дологогодишно работеле на одредена материја ги прераспределува да работат на други случаи. Тоа е човекот што беше прогласен од судиите како најлош претседател на Врховниот суд и менаџер, не соработуваше ниту со една правосудна институција, никогаш не дошол на седниците на судско буџетскиот совет ниту на оправниот одбор на академијата, пишува Журнал.

Претходно иако има дологодишно судско искуство никогаш не дал интервју за состојбите во судството, ниту учествувал во некоја јавна дебата, ниту некогаш го кренал гласот во одбрана на статусот или за унапредување на положбата на судството, целосно затворен како судија, за разлика од сега каде на дугме се појавува и одработува за СДСМ.

Одлуката на Врховниот суд за укинување на решенијата со кои на бизнисменот му беше одреден притвор, е само уште една потврда за политичкиот притисок извршен врз судството.

Од друга страна, индикативно е и што Кочан е осомничен во случајот „Труст“ на СЈО на Катица Јанева. Врховен вчера информираше дека се укинати решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 и на Кривичниот совет Апелацискиот суд поради повреди на законите од пониските судови.

– По вака донесената пресуда, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје ќе треба да одлучува по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поднесена против решението на судијата во претходна постапка со кое е одбиен предлогот за определување на мерка притвор, се наведува во вчерашното соопштение објавено на веб страната на Врховниот суд.

За поранешниот јавен обвинител Сотир Костов, ова претставува уште една хајка дека Кочан е жртва на политички притисоци, а одлуката за притвор е политички мотивирана.

Инаку, одлуката за притвор, без правно образложение, ја донесе поранешната сопруга на министерот од СДСМ Владо Димов, Гордана Димова Спировска. Нејзиниот екс сопруг е се уште во бегство за сторен криминал. Дополнително, одлуката е спорна и затоа што Кривичен веќе еднаш утврди дека нема основ за притвор, а потоа по жалба на СЈО, Кривичниот совет под палката на Димова донесе спротивна одлука.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This