КАМИОНИТЕ ОД МИНАТИОТ БИВШАТА ДРЖАВА: „Македонија Пат“ чисти снег со возила од СФРЈ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата повеќе од половина година не одговара на барањата на Јавното претпријатие „Македонијапат“ за обнова на возниот парк и за нови вработувања. Директорот Гајур Кадриу вели дека од новата Влада двапати побарал одобрение за неопходните набакви и укажал дека состојбата е алармантна, но не добил никаков одговор. Во нивниот возен парк најмногубројни се возилата набавени уште за време на СФРЈ.

„Чистиме снег со триесетгодишни возила и таква е состојбата веќе со години. Освен тоа, возилата за чистење снег ги возат возачи со 56-57 години и при секое излегување на терен даваат сè од себе. Најлоша е состојбата кај патарите, оние што мора да излезат на снегот и со лопата во рацете да им дадат поддршка на машините. Таму нема помлади од 60 години. Не е исто ако тоа го прават помлади луѓе, но одобрение за вработувања кај нас нема“, вели директорот Кадриу.

Директорот вели дека возилата на „Македонијапат“ се поделени во три групи. Во првата група со старост до 10 години немаат ниту едно возило. Во втората група – возила со старост до 20 години – се 35 отсто, односно 31 товарно моторно возило, 16 полутоварни и 33 градежни машини. Во третата група – возила стари над 20 години – се најмногу возила, 65 отсто од возниот парк, односно 59 товарни возила, 28 полутоварни и 57 градежни машини. Овие податоци најмалку четирипати годишно ги добива Владата на Република Македонија, но набавка не е одобрена повеќе од десет години.

Од Владата велат дека ги имаат предвид проблемите на „Македонијапат“.

„Владата бара сеопфатно решение на состојбите во ‘Македонијапат’. Во моментот кога ќе има одлука, ќе ја информираме јавноста“, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Тој не одговори на прашањата зошто „Македонијапат“ нема повратен одговор на барањата.

Извор: Макфакс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This