КАМИОН ИЗЛЕТА ОД МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ КУМАНОВО – КРИВА ПАЛАНКА: Удрил во надвозник, па излетал од патот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Камион со црногорски регистарски таблички кој влечел приколка со вилушкар попладнево удрил во надвозник на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово.

Сообраќајот беше во прекин од 17 часот, а во несреќата нема повредени лица.

 

Од СВР Куманово информираат дека товарното возило марка „Волво“ се движело од Крива Паланка кон Куманово и во близина на населбата „Карпош“ удрило во надвозникот при што од камионот се одвоила приколката. Камионот бил управуван од српскиот државјанин А.С. (1969).

Надлежните служби работат на отстранување на камионот и на приколката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This