КАМЧЕВ ГО УЦEHУВАЛ ЗАЕВ СО СНИМКИ: Боки 13 има свои бomби за случајот „Рекет“, xaoc во Kpвичен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Боја Јовановски и натаму му поставува прашања на сведокот Орце Камчев. А последното прашање на Боки 13-ка направи вистински хаос во судницата.

Дали во вашиот дом во ваше присуство сме ја споменувале обвинителката Вилма Русковска и дали се сеќавате за кои околности за што сме спомнувале, во кој контекст,запраша Јовановски.

Судијката повторно го прекина и посочи дека тоа е ирелевантно за случајот.

Дали во вашиот дом се сеќавате кога на гласен тон зборувавте за обвинителката Лиле Стефанова говорејќи со погрдни зборови и пцовски, праша Јовановски.

Судијката повторно го прекина Јовановски и го праша како е тоа релевантно. Јовановски и посочи на судијката дека ова е важно бидејќи таа го води предметот „Империја“ и важно е за тоа како сум јас наведен да бидам снимен и е конструирано се и доколку му дозволат да ги постави сите прашања, ќе разберат се.

-Не се сеќавам, одговори Камчев.

Поради тоа што не се сеќавате од одземените предмети од мојот дом има едно УСБ кое што барам да биде извештачено, каде што и јас имам аудио, вели Јовановски,

Судијката повторно го прекина.

-На кој датум точно го пријавивте случајот рекет, праша Јовановски.

-Не се сеќавам тоа, одговори Камчев.

-Каде кога сум го пријавил, потпраша тој.

-Па на колку места го пријавивте, праша Боки 13.

-Јас го информирав премиерот, а го пријавив мислам дека беше почетокот на мај или април, не можам да кажам точно за да не згрешам, одоговри Камчев.

-Дали со вашите монтирани снимки, свесно сте го уценувале премиерот Зоран Заев, запраша Јовановски.

Судијката не го дозволи ниту ова прашање и повторно го прекина обвинетиот Бојан Јовановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This