КАМЧЕВ СО COЛЗИ ВО ОЧИТЕ: И покojниот ми другар Жарко беше peкетиран, на Боки му плати 250 илјади евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај самиот тој, сведокот Орце Камчев денеска во судницата тврди дека рекетиран бил и неговиот близок пријател Жарко Луковски. За покојниот Луковски, Орце говореше со солзи на очи и посочи дека за да не биде дел од предметот Империја тој платил неверојатни 250 илјади евра на Бојан Јовановски попознат како Боки 13.

-Истиот тој бил во предметот наречен од Бојан Империја, од Бојан не од Јанева. Во кој што биле поголема група на луѓе и бил тргнат во месец септември од кога Бојан му се јавил, човекот беше целиот оболен. Му се јавил и му рекол дека доколку не сака да биде дел од „Империја“ он го знаел и насловот на „Империја“ ги знаел и луѓето кои што биле внатре дека треба да плати пари. Мојот другар му плати 10 илјади евра во Скопје, кога го отвориле случајот „Империја“ он избегал во Србија се уплашил. Бојан повторно му се јавил еве виде што се деси, доколку не ја исполниш обврската ќе биде лошо и за тебе. Во Белград му исплатил уште 250 илјади евра, вели Камчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This