April 23, 2024, 10:58 pm

КАМЧЕВ СПРОВЕДЕН СО КОМБЕ ВО КРИВИЧНИОТ СУД: СЈО бара Орце да биде испратен во Шутка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бизнисменот Орце Камчев пред неколку моменти со комби беше донесен во Кривичниот суд во Скопје. Возилото влезе директно во гаражите и тој не се појави во јавноста, известуваат репортерите на Алсат. Претходно попладнево и дел од другите осомничени во случајот на СЈО, „Империја“, беа изведени на распит пред судија на претходна постапка. Во текот на вечерва судијата треба да изврши распит по што ќе следува одлука дали ќе ги испрати во притвор или ќе им одреди мерка на претпазливост.

Од СЈО велат дека за петмината од 13-мината осомничени во „Империја“, кои се лишени од слобода од судот ќе биде побаран притвор. Во судот претходно беа донесени и Ненад Јосифовиќ од „Орка Холдинг“ и Цветан Панделески од „Пелистерка“ исто така, осомничени во „Империја“. За разлика од првите двајца приведени, кои беа јавно спроведени во судот, Камчев беше внесен директно во гаражата на судот со возило со затемнети стакла, следено од возило на СЈО. Набрзо потоа, во судот пристигна неговата сопруга Ана Камчева, која е адвокатка.

За  Орце Камчев, кој пред неколку години беше прогласен за најбогат Македонец од магазинот „Форбс“, се бара притвор поради опасност од бекство, уништување на докази и влијание врз сведоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This