КАНАЛ 5 ДО НОВИНАРСКИТЕ ЅВЕЗДИ ОД 1 ТВ: Зар не ви беа чудни огромните хонорари што ги земавте?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канал 5 Телевизија во анализата за работата на 1ТВ, која со релативно малку пари од леeгални приходи, успевала да ги покрие сите тpoшоци кои што не се мали, упатува прашање до познатите новинари на телевизијата на Боки 13:

– Зар не ви беа чудни високите хонорари кои ги земавте?- прашуваат од Канал 5.

Овие прашања од ТВ Канал 5 доаѓаат откако нивниот новинар Гоце Михајлоски му порача на новинарот на 1ТВ Борјан Јовановски дека бил дел од злocторничко здружение.

Меѓу другите прашања Канал 5 прашува како новинарите на 1ТВ не ги забележале aaномалиите каде што работеле, зошто Сашо Ордановски имал сертификат на ниво на државна тајна, зарем не им биле чудни огромните хонорари, дека некои фирми рекламирале само на овој медиум и друго.

Во 1 ТВ работеа и се уште работат повеќе познати имиња од македонската новинарска сцена, како што се Ацо Кабранов, Јадранка Костова, Борјан Јовановски, Гордана Дувњак, Анета Кочишки, Сашо Ордановски и други.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This