КАНДИДАТИТЕ НА СДСМ БЕГААТ ОД ДЕБАТИ: Стефан Богоев избега од дебата со претседателот на УМС Владимир Нелоски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на младите на СДСМ, Стефан Богоев избега од соочување со претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски на „Отворено студио“ на ТВ Нова.
neloski-640x290

Богоев имаше шанса на дебата со Нелоски да ги соочи ставовите и да образложи со факти за се она што до сега обвинуваа дека не е направено за младите во Македонија. Но како што доликува на СДСМ, јаки на зборови а не на дела, тоа го покажува и подмладокот на партијата, што од една страна и се очекува, бидејќи немаат од кого да учат за правилна работа.

Немаат кој аргумент да го соочат, со оглед на тоа што СДСМ нема направено апсолутно ништо за младите во Македонија, а ниту во новата програма немаат што да понудат.

И покрај тоа што неговиот колега од СДСМ не се одѕва на повикот, Нелоски на ТВ Нова ги презентираше досегашните и идните проекти кои се насочени кон младите.

ВМРО-ДПМНЕ во програмата „Реално“ го содржи најголемиот број проекти за млади направени до сега во Македонија, тоа значи дека имаме најобемна, најсеопфатна и најдобра и квалитетна програма за млади луѓе, изјави Владимир Нелоски.

-Нашиот претседател веќе најави 40 проекти коишто се директно поврзани со младите од повеќе сфери на нивен интерес, најпрвин тоа е вработувањето, понатаму образованието, спортот. Од најновите проекти веќе неколку се и достапни за младите. Со тоа како ВМРО-ДПМНЕ покажавме дека го остваруваме ветеното. Младите луѓе не треба да се грижат дека ќе се реализира сето она што се наоѓа во нашата програма., изјави Нелоски.

Тој издвои неколку проекти од оние чија што реализација е започната, а се однесуваат на младите луѓе и нивните потреби, меѓу кои купи куќа за млади до 35 години, проект, што како што рече им овозможува на сите млади да го обезбедат своето сопствено домување.

-Освен овој проект спроведовме во изминатите 7 до 8 месеци уште 4 до 5 важни проекти, би сакал да го издвојам бесплатниот превоз за студенти. Со овој проект на повеќе од 23 000 студенти кои се редовни студенти на државните универзитети им заштедивме 12 000 денари во текот на годината, изјави Нелоски.

Нелоски потсети дека над 80.000 лица го искористиле бесплатниот железнички превоз, изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски во „Отвореното студио“ на ТВ НОВА.

-Во однос на мобилноста на студентите не смееме да го заборавиме и проектот бесплатен железнички викенд. Ние како ВМРО-ДПМНЕ видовме дека овој проект е доста корисен за младите луѓе и одлучивме да го надградиме, односно наместо досегашното бесплатен железнички превоз секој трети викенд во месецот младите, не само студентите туку млади до 27 години, сега имаат можност да користат бесплатен железнички превоз секој трет и секој прв викенд. Во изминатите 2 и пол години над 80 000 млади луѓе до 27 години ја искористиле оваа мерка и патувале со железничкиот превоз низ Македонија, изјави Нелоски.

Инаку од ТВ Нова ги демантираа невистините на СДСМ, дека телевизијата не испраќала покани за дебатите, а потоа известувале дека одбивале соочување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This