April 19, 2024, 12:13 am

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци Јанчев се сретна со ваташани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев вечерва се сретна со жители на кавадаречкото село Ваташа, во рамките на кампањата за локалните избори. Истакна дека секојдневно ќе комуницира со жителите на општината за да се запознае со нивните проблеми, а тие да ги слушнат неговите визии за подобро утре. Презентираше неколку проекти од општинско значење.

– Трајно решение за градскиот зелен пазар со катни гаражи за паркирање, затворен базен со скејт парк, трим патека, нова економска зона од триесет хектари за средни и микро претпријатија кои ќе добијат земјиште по цена од едно евро за квадрат и комунална инфраструктура за да ја зголемат вработеноста, проект “Мој општинар”, најави меѓу другото Јанчев.

Се осврна и на планираните проекти за Ваташа. – Комплетно уредување на коритото на реката Луда Мара заедно со фекалната и атмосферската канализација, но и на целиот потег од почетокот на селото до месноста Моклиште, реконструкција на ваташкиот водовод, рече Јанчев.

Пред присутните се обратија и претседателката на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и носител на советничката листа Горица Пеливанова Вилхелм, како и кандидатот за советник од оваа партија Зоран Јованчев.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This