КАНДИДАТОТ НА СДСМ И ДУИ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН ВО ХИЛТОН: Димитров е миленик на меѓународната,Спасовски е фаворит , а во игра се и Пендаровски и Шекеринска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател на РМ ќе биде презентиран утре во хотелот „Дабл три Хилтон“, велат извори на порталот 24 Инфо. Неизвесноста ќе трае до последен момент, иако денеска најмногу се шпекулира со името на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Освен Спасовски, во игра се Стево Пендаровски, Никола Димитров и Радмила Шекеринска, иако најголеми шанси му се даваат на Спасовски.

Министерот за внатрешни работи, независно од анкетите на кои не бил најдобро котиран меѓу граѓаните, неколку месеци наназад бил највисоко рангиран во внатрепариските анкети заедно со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

За разлика од Спасовски, Димитров во јавноста котира најдобро, а е фаворит и на странскиот фактор во земјава, па до пред една недела важел за сигурен кандидат. Странците притискале да биде тој, пред се како награда за сработеното со Преспанскиот договор, иако немал голема подршка во СДСМ.

Шекеринска и Пендаровски исто така имаат подршка од надвор, но во нив нема премногу доверба партиското членство, пред се министерката за одбрана, која има епитет на губитник. Иако и Пендаровски загуби од Иванов, има поголема подршка кај јавноста.

Сепак, изборот на кандидат зависел од тоа дали ќе падне договор меѓу коалициските партнери, па затоа се чекало до последен момент СДСМ и ДУИ да кажат дека ќе подржат заеднички кандидат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This