КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК НА СДСМ ОБЈАВИ СКАНДАЛ: Кочо Анѓушев од позиција на вицепремиер ја оштетил државата 400 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Ивановски иако е поранешен кандидат за пратеник во дијаспората од редовите на СДСМ, по составувањето на влада од страна на СДСМ тој е жесток критичар на нивните политики. На својот Фејсбук профил тој обелодени скандал од огромни размери.

Имено тој на Фејсбук тврди дека Трансмет не го добил тендерот за ископ на јаглен иако понудил помала понуда од 44 денари од GJ во РЕК Битола.

Тој ги обвинува Кочо Анѓушев и генералниот директор на ЕЛЕМ Миновски дека тенденциозно одбрале дупло поскапа понуда од 87.80 денари за ископ на јаглен од GJ. Со тоа според Ивановски го оштетиле буџетот на државата за неверојатни 400 милиони денари. Работата ја добила битолската компанија Пелистер која имала далеку поскапа понуда.

Тој вели дека станува класичен пример за корупција и дека во цената која ќе ја плаќа РЕК Битола е вклучена провизија за Анѓушев и Миновски. Во овие моменти директор на РЕК Битола е екс пратеникот на СДСМ Васко Ковачевски кој даде оставка од пратеничката функција за да стане директор.

РЕК Битола откако Ковачевски е директор го тресат низа скандали, меѓу кои и обвинувања за непотизам поради вработувањето на својот зет во РЕК Битола и отпуштање на повеќе од 130 лица поради партиска определба. Овој скандал е само последниот во низата кој го тресе ова претпријатие.

-Здраво, ви се обраќам со цел да ви посочам некоја тема која што е актуелна и коjа треба добро да се истражи, да се знае вистината дека на ист начин функционира и оваа влада како и претходната каде што најголема штета сноси народот. ЗОШТО КОЧО АНЃУШЕВ ГО ИЗБРКА ТРАНСМЕТ ОД РЕК БИТОЛА? Зошто државната ЕЛЕМ го избрка ТРАНСМЕТ кој понуди да работи за 44 денари од GJ за ископ на јаглен од РЕК Битола, а склучи договор со битолската ПЕЛИСТЕР за дупло повисока цена од 87,80 денари од GJ за истата работа? Дали дојде животот па државата има вишок 400 милиони денари за фрлање па плаќа дупло поскапо за една иста работа? Зошто на Кочо Анѓушев и генералниот на ЕЛЕМ Миновски не им одговараше да работи ТРАНСМЕТ во РЕК и со тоа да се заштедат 400 милиони денари во државниот буџет? Јасно е дека во повисоката цена на ПЕЛИСТЕР е вклучена и провизијата за Кочо и Миновски, Да се даде отчет зошто лошото раководство на ЕЛЕМ и вицепремиерот свесно го оштетија буџетот на државата за 400 милиони денари, стои во статусот на Ивановски.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This