Кандило и Божилак – изборни пораки на Дурловски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се запенавиле, та помодреле, цела една сурија од новинари, колумнисти и таканаречени експерти(Билјана Секуловска, Цаца Николовска, Сашо Ордановски, Ивица Челиковиќ..,) и со ништо и од никого непредизвикани удираат ли удираат и маваат по Игор Дурловски. Те да му се судело за ново кривично дело, те бил лажен патриот, те немал право да го споменува народот и што ли уште не. Решиле пороците да се мерат со достоинството, уметноста и културата. Што да ви кажам – смешни и грди човечки карактери. Недоделкани луѓе, со простачки особини.

Во Mакедонија има толку политичари, кои лажат, манипулираат, по неколку пати се помилувани и аболирани за криминал, а тие се фатиле за светски познат и признат уметник. За нив и со голема буква – Уметник. Човекот е носител на листа на кандидати за пратеници, и опаа, некому тоа не му се бендисува, па етикетирај го, пљувај го, и удри по него. Тропаат, тресат зелени, како “Максим по дивизија“. Народот за такви вели темни луѓе. Во средниот век, едни ги нарекуваа хомо виденс, а други ги ословуваа со вири опскури. И едните и другите се сведуваат на: луѓе што слушаат, ама не заушуваат; гледаат ама не видат; и перцепираат ама ништо не разбираат. За сите нив треба просветлување. А токму тоа го прави Дурловски. На градите носи две прекрасни пораки: Кандило и Божилак. И сега овие непросветлените ќе речат: Е што е тоа? Еве што е тоа:

Кандилото не потсетува дека нашиот живот треба да биде светлина. Палењето кандило го симболизира принесувањето како жртва на нашата почит и чест кон Бога и кон неговите светии. И токму таа порака ни ја праќа Игор Дурловски со кандилото на неговите гради. Но, кандилото ја симболизира, исто така и светлината Христова, којашто го просветлува секој човек, а ја претставува и Господовата заповед дека ние, Христијаните, треба да бидеме светлина на светот. Ова особено се однесува на нас Македонците, кои сме деца на сонцето. Ние треба да ја шириме светлината, да просветлуваме.

Дурловски преку засветлување на неговата светлина пред луѓето, сака да се видат сите добри дела – неговите, на соработниците и на сите што искрено ја сакаат Македонија. Злите сили ја сакаат темнината, зато тој против нив се бори со светлина. Кандилото е длабок христијански симболизам на светлина којашто го просветлува секој човек, којашто ја стоплува душата, ја зголемува надежта, ги одгонува бескрајните часови на осаменост.

Како наш свет симбол кандилото го споменуваат: Васил Иљоски во Чорбаџи Теодос; Ристо Крле во Парите се отепувачка; Стале Попов во Крпен живот и калеш Анѓа; Анте Поповски во Вардар и Љубопис; Петре М. Андреевски во Пиреј и небеска Тимјанова; Живко Чинго во Големата вода и многу други наши истакнати писатели и поети. А да не заборавиме дека за кандилце пее е големиот музички уметник Влатко Стефановски(Тој пее за “…Високо над планини, во небесни широчини…во душата ти гори кандилце…силно свети, грее мало пламенче… реки сребрени љубат златни зраци сончеви…свират нежно гајди, кавали, свират химни и тишини……небесни широчини…“). Се споменува и во патриотската песна “Послушајте патриоти“(“…Жими Најмило, жими најдраго, жими крст и кандило, жими верата, жими душата, жими крв македонска…“). Сите тие неосновано го напаѓаат нашиот уметник и победник, а тој добродушно и добронамерно со кандило на градите им вели:

Нека Христовата светлина ве осветли и вас! За кандилото и пораката со него, толку. Кој сфатил, сфатил. Кој не, има време.

А пораката Божилак? Тоа е македонски искон. Виножито, ѕуница. Ја гледаш, топлина на срцето ти е, милина на душата, чувствуваш духовна исполнетост, а не можеш да ја објаснеш. Тоа ти е Македонија во срцето. Песни за неа од срцата. Од срцата на Ана и Игор Дурловски. Ѓердан од бисери какви што се Бор садила мома Евгенија, Се посврши сербес Донка, Ако одам во Битола, Јовано, Јованке, Калеш Анѓа, Море сокол пие, Не си го продавај Кољо чифликот, Си заљубив едно моме, Учи ме мајко, карај ме, Со маки сум се родил, Дејгиди луди млади години, Нажалена невеста, Зајди, зајди јасно сонце и Мајка на Марика думаше. А ова веќе е богато културно богатство, вековна традиција, љубов, кон народот и родината. Оваа пак љубов, ептен не може да се објасне. Таа се чувствува, се живее. Македонски длаборез, кој со солзи ја гали Татковината.

Ама и јас го претерав. Објаснувам, па објаснувам. Па ова го знае секој оној кој искрено си ја сака Татковината – Македонија. А тоа што овој светол хоризонт е недофатлив за интелектуалната свинштина на неталентираните буфони, бездарните паљачовци и ограничените кловнови, е нормална последица за еден морален кретенизам.

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This