КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МЕРКЕЛ МОЛЧИ: Во краткото соопштение од средбата нема детали за датумот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел објави кусо соопштение по денешната средба со Зоран Заев во Берлин.

Меркел и Заев, како што се наведува, разговарале за билатералните односи, а фокусот бил ставен и на „прашање од надворешната и европската политика“.

Во соопштението не се прецизира ставот на Меркел за очекувањата на Владата на Македонија за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ.

-Германија заедно со Франција си поставија цел – зајакнување на стабилноста на балканскиот регион. Важен чекор кон тоа беше решавањето за споpот со името „Македонија“. Под покровителство на ОН, балканската држава од 12 февруари 2019 година се преименува во Северна Македонија, со што се стави крај на споpот за името со Грција што траеше од 1991 година. Во април премиерот Зоран Заев, исто така, присустрвуваше на состанокот за Западен Балкан, што го организираа германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, се наведува во соопштението од Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел објавено по 40-минутната средба со Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This