Канческа-Милевска: Не преговарав со власта, за смена на името гласав по сопствено убедување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во интервју за Канал 5 тврди дека не преговарала со власта за да гласа за уставните измени во Собранието за промена на името, а за возврат да добие некакви привилегии за судскиот случај „Тендери“ што се води против неа.

Според неа од сегашна дистанца можело да се заклучи дека немало никакви преговори за случајот со оглед на тоа дека тој сè уште трае, а таа редовно се појавува на суд. Кажа дека интересите на државата и биле на прво место.

„Лично по мое сопствено убедување и сметав дека конечно треба сите да се издигнеме над партиските ставови кога станува збор, пред сè, за интересите на државата и кога се одлучува за стратешките приоритети на државата. Поуките коишто можеме да ги извлечеме се тие, верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ како партија може да извлече поука, а тоа е дека за суштински прашања кои се од најголем итерес за државата треба да бидеме вклучени во дебата“, рече Канческа-Милевска.

За проблемите со објектот на новиот Македонски народен театар, кој е дел од проектот „Скопје 2014“, а кој чинеше над 37 милиони евра, Канческа-Милевска вели дека се случуваат поради неодржување на објектот и запушување на сливниците кои не биле чистени, а не поради неквалитетниот материјал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This