April 20, 2024, 12:43 pm

КАНЧЕСКА: Не гласав поради уцени, не сум се пазарела со Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту сум уценета, ниту пак ќе дозволам да бидам уценета, рече поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, која гласаше за промена на името на државата и уставните измени.

По рочиштето за случајот “Тендери” во кој е обвинета рече дека стои зад одлуката да гласа во Собранието, и ги отфрли сите гласини дека со давањето на поддршка за уставните измени ќе дојде до промена на Кривичниот законик преку кои таа би се спасила од обвинение.

Канческа-Милевска ги отфрли шпекулациите дека за возврат и била ветена министерска позиција.

Не би прифатила никаква, не би си дозволила никој да ме уцени ниту пак јас да уценам некого во однос на нешто што го сметам највисок државен интерес. Секој што ме познава, многу добро знае дека одлуки носам врз основа на сериозна анализа на состојбите, поготово во моментов една сериозна анализа за она што и е непходно на државата да продолжи напред и да се вклучиме во нешто што има национален консензус во нашата држава, а тоа е интеграцијата во НАТО и ЕУ. Затоа велам, уште еднаш ќе потенцирам не сум била уценета ниту пак ќе дозволам да бидам уценета за било што да ми се реши или да се стави во прашање за оваа моја одлука – изјави Елизабета Канческа Милевска – обвинета во случајот “Тендери”.

Канческа-Милевска изјави дека и натаму својата невиност за случајот кој го води СЈО ќе ја докажува по судски пат.

На денешното рочиште по овој предмет, кој се наоѓа во доказна постапка беа сослушани двајца сведоци по предлог на обвинителството, кои во 2011 година биле вработени во Јавното станбено претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Следното рочиште за овој предмет е закажано за 25ти јануари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This