April 19, 2024, 10:24 pm

КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ ЗА СКОПЈЕ: Ново сообраќајно поврзување на Аеродром и Кисела Вода со изградбата на улица „Есенинова“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подобрувањето на сообраќајната инфраструктура и поврзаност на населените места е еден од најважните приоритети за развојот на Скопје.

Поврзаноста на жителите на Кисела Вода и Аеродром ќе се подобри преку пробивањето и изградбата на улицата „Есенинова“, а деталите за овој проект денеска на прес-конференција ги соопштиja кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, како и носителот на листата за советници во советот на Град Скопје, Христијан Мицкоски.

 – Изградбата на улица „Есенинова“ претставува поврзување на булеварот „Трета македонска бригада“ со булеварот „Борис Трајковски“. Ова ќе се реализира преку пробивање на нова улица која ќе се движи од крстосницата помеѓу бул. Трета Македонска бригада и улица Никола Карев кај амбулантата „Пролет“, позади Тутунскиот комбинат, кон населбата Кисела Вода и истата ќе се поврзе со булеварот „Борис Трајковски“ зад новиот објект „Флетајрон“ на Адора. Со реализацијата на овој проект ќе се добие ново поврзување помеѓу општина Аеродром и општина Кисела Вода и ќе претставува скратен пат за сите оние кои сакаат го заобиколат Центарот и метежот кој се прави во ударните часови, пред се на крстосницата кај Тутунскиот комбинат.– кажа Трајановски.

Кандидатот за градоначалник Трајановски потсети дека ова е второ поврзување кое ќе се прави помеѓу двете општини изминативе неколку години, каде во 2010 година беше изграден булеварот Србија, со коe всушност се изврши сообраќајно булеварско поврзување помеѓу општините Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.

Во моментов се врши дополнително пробивање на булеварот Србија, од кружниот тек кај Цементарница до улицата Христо Татарчев во Припор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This