КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ НЕМАЛО ПОРАДИ ЛОШОТО ВРЕМЕ: Нулата од германските инвеститори не ја загрижувала владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оценката нула од германските инвеститори наводно не ја загрижува Владата. Сепак, по жecтоките kpитики вчера, владиниот економски тим уште утрово ја свика на итен состанок Делегацијата на германското стопанство во земјава. Вицепремиерот Анѓушев вели проблемот бил во анкетата. Имало многу прашања, па очекувано било некој да не бил задоволен во одредени области. Тоа не значело дека Владата грешела. Сепак ги детектирале сите проблеми и ќе се обиделе да ги решат. Меѓу нив се барањата инвеститорите да бидат вклучени при донесувањето на даночните реформи и намалување на царинските тарифи.

За разлика од вчера, кога анкетата покажа дека ниту една фирма позитивно не ја оценила Владата , денеска по средбата во Владата, Германците поумерени во изјавите. Инвеститорите се обидоа да го ублажат нeгaтивниот впечаток од лошите резултати во анкетата. Сепак, потврдија дека само 5% дале позитивна оценка за економската состојба во земјава. Велат регионов е во фокусот на германските инвеститори, па не требало да не разочарува ако некоја фирма одлучи да вложи во соседна земја. Не наведоа за која компанија станува збор.

Владата не ја загрижува ниту слабата реализација на капиталните инвестиции од само 3 и пол отсто за првите два месеци од годинава. Потрошени биле само 15 милиони од вкупно 422 милиони евра поради лошите временски услови – тврди Анѓушев. Како и ланската година уверува дека градежната експанзија само што не почнала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This