April 19, 2024, 10:21 pm

КАРАКАМИШЕВА:Ако Иванов го даде мандатот на непобедничка партија, Уставниот суд ќе има обврска да ја поништи противуставната одлука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во случај да ни се повтори 1992 година, Уставниот суд на РМ ќе има обврска да ја поништи противуставната одлука за давање мандат на некоја друга партија, а не на победничката, како и да ја поништиевентуалната постапка за избор на влада заснована  врз противуставната одлука за назначување на мандатар, вели за Телеграф универзитетската професорка по уставно право Тања Каракамишева- Јовановска.

karakamiseva

Рокот за доставување персонален состав и програма на новата Влада согласно Уставот и согласно Деловникот на Собранието на РМ истече на полноќ. Со оглед дека во предвидениот рок не се постигна договор за состав на нова Влада меѓу мандатарот Груевски и коалициониот партнер, а имајќи ја предвид обврската утврдена во член 90 од Уставот, мандатот за состав на Влада и натаму треба да остане кај победничката партија, односно кај ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија, вели Каракамишева- Јовановска.

Според неа, сите уставни толкувања, и видувања кои ги слушнавме изминатите недели за тоа како треба да постапи претседателот Иванов во случај г. Никола Груевски да не успее да состави Влада, и дека наводно согласно воспоставената практика од 1992 година мандатот треба да се даде на второпласираната партија, односно на СДСМ, се лични, субјективни мислења на поединци кои не се во согласност со тоа што пишува воуставната норма.

За разлика од уставите на Хрватска, Словенија, Бугарија, Косово, Естонија, Латвија итн каде на прецизен и детален начин е разработена постапката што ако првиот мандатар не успее да состави Влада и како натаму, во нашиот Устав нема ниту една уставна одредба која прецизира што во ваков случај. Што во случај ако мандатарот не успее да состави Влада во предвидениот рок? Нема ништо напишано ниту за чинот на враќање на мандатот, ниту за обврската на претседателот да го даде мандатот на второпласираната партија, или на некој друг, како што некои експерти толкуваат во јавноста. Нема ниту збор за тоа дека мнозинската партија, за да го добие мандатот, треба да докаже дека има апсолутно мнозинство пратеници на своја страна, нема ниту збор дека претседателот на Републиката треба да побара, или треба да му бидат доставени потписи од пратениците со кои ќе се докаже парламентарното мнозинство потребно за избор на Влада итн. Сето ова е на ниво на широко толкување на уставната норма што е недозволиво. И да, во уставите на другите земји има посебни норми во кои сето ова е регулирано, но не и во Уставот на РМ. Тоа што уставотворецот во 1991 година, и експертите кои беа директно вклучени во пишување на овој Устав, напишале фаличен и недоречен Устав, Устав со многу празнини и небулозни одредби, не им дава сега за право да додаваат, менуваат, прошируваат и креираат нови норми што не постојат во Уставот само за да задоволат одредени партиски интереси, вели Каракамишева- Јовановска.

Фаличноста на Уставот, додава таа, “отвори простор за разно-разни шпекулации и субјективни размислувања токму од кабаетлиите експерти“.

-При тоа, токму тие, иако знаат дека не смеат, го толкуваат Уставот, наместо да инсистираатистиот дасе применува така како што енапишан. А напишано е дека мандатарот доаѓа од партијата, односно партиите што имаат мнозинство пратеници во Собранието. Мандатарот доаѓа од победничката партија на изборите. Тоа е основата врз која е заснован целиот македонски уставен систем. Секое спротивно постапување ја повредува неговата суштина, вели Каракамишева- Јовановска.

Во случај мандатарот да не успее да состави влада, како што се случи вчера, повторува универзитетската професорка, согласно Уставот, тој и натаму треба да доаѓа од партијата што има мнозинство пратеници во Собранието, односно од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

-Секое друго толкување, и растегнување на уставната норма поради одредени тесно-партиски, лични илиполитички интереси е спротивно на Уставот, односно повторување на противуставната пракса од 1992 година кога тогашниот претседател Киро Глигоров му го додели мандатот на Бранко Црвенковски односно на второпласираната партија во Собранието, заклучува Каракамишева- Јовановска.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This