April 27, 2024, 12:14 am

КАРАКАМИШЕВА:Зоран Заев има право да го менува само своето име, не и името на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетската професорка Тања Каракамишева на својот фејсбук профил жестоко реагираше на вчерашната изјава на премиерот Заев во Давос.

 

Според Каракамишева, Заев е понизен пред неговиот грчки колега Алексис Ципрас, со кого вчера имаше средба и нема никакво право да го менува името на државата.

Те слушав вчера Заев како го читаше нашкрабаното пусулче, веројатно во последен момент монтирано за да предизвика насмевки кај Ципрас, а богами и те гледав, бидејќи не се пропушта таква шанса да не се гледа човек што ја води Македонија како му е страв да гукне Македонија, и се чудев и се крстев до каде дојдовме, до кое дереџе стигнавме.

Абе малку од малку да надзирне тронка личен и национален интегритет, малку од малку да се почувствува достоинство, бар лично ако не национално. НИШТО. ГОЛЕМО НИШТО.

И прашањето на кое мора да одговори нашиов ни естаблишмент е: за кои џимиринки сте ставени таму кај што ве ставија ако вашиот став е дека се е дозволено и можно во владата која што ја ракободите.

Што ќе ни е воопшто власт која не знае да владее согласно политичките правила на почитување на националните интереси?

Што ќе ни е премиер кој е во постојан длабок наклон кон странците небитно дали се тие од соседството или погоре? 

Од континуираниот длабок наклон на човеков краватата треба на нозе да му се врзува, бидејќи главата повеќе му е долу отколку горе.

И можеби сум веќе досадна со прашањево ама не навистина не ми е јасно кој воопшто му даде мандат на Зорана да менува име на држава, да менува идентитет, историја, јазик.

Абе кој воопшто го овласти да прави вакви акробации на јавна сцена.

Зоран Заев може само своето име да си го менува колку сака и како сака. Зоран Заев може само својот идентитет да си го смени заедно со полот ако така одлучи, Заев може да си се откаже од сите свои претци, од своите родители, од кого сака.

Зоран Заев нема право да ми менува мене, тебе, на сите нас националност, историја, традиционални вредности, култура, јазик.

НЕМА ТАКВО ПРАВО, НЕМА ТАКВА ДОЗВОЛА, И НЕМА ШАНСА ТОА ДА МУ БИДЕ ДОЗВОЛЕНО! – напиша Каракамишева.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките ре

25 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This