КАРАКАМИШЕВА ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО: Власта има се испланирано до крај, сакаат народот да е само статис, се поставува прашањето дали тој ќе се разбуди!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вели дека режијата за промена на името и договорот се Грција е направен одамна, дека се има направено анализа на народот, за кој сметаат дека е сеирџиски и дека целта е лесно да се „извози“ со одредени работи, со цел да не забележи доста важни работи.

-Имаш медиуми кои со денови ќе зборат за Никола Груевски. Имаше многу процеси за да се дефокусира Македонец, влијанието му отиде на друга страна, а крупните работи поминуваат без никаков проблем.

Таа вели дека сите ние како поединци сме ставени во овој филм како статисти, дека не гледа некаков активизам во Собрание за спречување на ова што се случува. Вели дека најавите за протести се последната искра за надеж против ова што се случува и против оваа власт.

-Неслучајно се погоди летен момент за договорот во Преспа, неслучајно се случува сега да одат амандманите. Народот е исплашен, велат дека чим може Груевски да го стави во затвор, што можат нас да ни направат, изјави Каракамишева.

Таа вели дека има работи кои укажуваат дека се испланирано до крај, а народот треба да се само статист. Но прашањето што според неа се поставува е дали народот ќе се разбуди и ќе се побуни против тоа што се случува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This