КАРАКАМИШЕВА: Каде беше Обвинителството кога се боеа и кршеа институциите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата Алфаскоп, Професорката Тања Каракамишева говореше за партизираноста на судството во Македонија. Таа истакна дека судството не спроведува никакви мерки против СДСМ кој не само што на нелигитимен начин го избраа Претседателот на Собраието, Талат Џафери, туку беше и учесник во Шарената револуција која всушност го уриваше државниот поредок во државата.

– Ајде да видиме како дојдоа тие на власт затоа што сега се со полни усти дека се кршел Уставот и законот. Нели се кршел Уставот од страна на Претседателот на државата и така натаму па ајде да видиме како тие го почитуваат Уставот и законите и другите акти кои што се подзаконски. Значи да не заборавиме дека помагатели и соучесници во процесот кога имаме 8 или 10 повредени полицајци, кога имавме еден политички масакр пред владата, кога имавме разулавена банда на луѓе кои што маваа со полицајците со што ке стигнат. Кога ги пале контејнерите па ги пуштаа према полицајците и кога имавме сериозно загрозување на уставниот поредок, Јавното Обвинителство молчеше истакна Професорката Тања Каракамишева во емисијата „Алфаскоп“ на Алфа ТВ.

Таа додаде дека Обвинетелството не стори ништо во врска со луѓето кои практично гозагрозија државниот поредок на државата.

– Што е загрозување на уставниот поредок? Кога не почитуваш Устав, кога не гипочитуваш легитимните избрани институции и кога гаѓаш со се и сешто по нивпотенцираше Каракамишева. Таа запраша зошто Обвинителството молчи по кривичната пријава која ја поднесе едноздружение од Битола против пратениците кои што го извршија нелигитимниот избор на Талат Џафери.

Каракамишева додаде дека во Македонија има ситуација во која премиерот ја става државата во една понизна ситуација во однос на преговорите за името каде што пак ниедна институција не реагира.

За случајот во кој што Врховниот суд спроведе одлука да бидат пуштени петте притворени од случајот на 27 април а од друга страна Основниот суд во рок од 24 часа донесе одлука да се вратат во притвор, Каракамишева рече дека целта е да се понижат институциите кои не се под раководство на владејачката власт. Таа констатираше дека во Македонија има систем кој е заробен и киднапиран во кој практично се се одвива надвор од она што е законска одредба. На тоа Каракамишевасе надоврза дека на крајот на денот не се знае кој и за што е уценет во целиот процес. Според Каракамишева, власта со вршење на прогон всушност сака да замаскира некоја важна работа која може да предизвика сериозен бунт и револт кај граѓаните. Таа констаираше дека за овие 10 месеци во кој Зоран Заев и неговата криминална банда е на власт, Македонија континуирано ја тресат скандали.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This