КАРАКАМИШЕВА: Ќе ви ги поништиме сите неуставни и нелегални одлуки и ќе ве гониме кривично додека сме живи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Тања Каракамишева на Фејсбук најавува поништување на сите неуставни и нелегални одлуки и најавува кривична одговорност за сите кои така постапуваа со единствена цел промена на уставното име на државата.  Таа напоменува дека никој нема мандат тоа да го спроведе поради фактот што со промената на името се ништи целата досегашна битка за Македонија!

-Промената на името на државата е промена на нејзината лична карта, промена на нејзиниот и наш идентитет, ништење на целата досегашна историја, вредности, идеја, борба, со новото државно име се создава сосема нова држава од почеток, без никаков континуитет. СЕ НИШТИ ЦЕЛАТА ДОСЕГАШНА БИТКА ЗА МАКЕДОНИЈА, се гази врз коските на нашите претци, знајни и незнајни јунаци.

Со менувањето на името се гази врз граѓаните кои се единствено суверени во Македонија, се гази врз резултатите од реферемдумот одржан на 8.9.1991 и на 30.9.2018г.

Сите пратеници кои ќе одат спротивно на одлуката на својот суверен ќе биде запишани како ВЕЛЕПРЕДАВНИЦИ!

Нема да може никој да се скрие позади уставната слобода на одлучување, бидејќи овој пат ДРЖАВАТА И ИДНИНАТА СЕ ВО ПРАШАЊЕ!

ПРАТЕНИЦИТЕ И ВЛАДАТА НЕМААТ МАНДАТ да гласаат за промена на името на државата. Ниту една институција во државата НЕМА НАДЛЕЖНОСТ ДА МЕНУВА ИМЕ!

ИМЕТО НЕ Е УСТАВ, ИМЕТО Е ДРЖАВАТА!

А ДРЖАВАТА ПОСТОИ И ПРЕД УСТАВОТ ОД 1991 ГОДИНА И ЌЕ ПОСТОИ И ПО ВАШЕТО ВЕЛЕПРЕДАВСТВО!

Ќе ви ги поништиме сите неуставни и нелегални одлуки и ќе ве гониме кривично додека сме живи!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This