КАРАКАЧАНОВ ГО ИЗДАДЕ ЗАЕВ: Борисов си договорил историја во која „Бугарите се бореле за Македонија и Тракија“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов при осветувањето и возобновувањето на споменикот на паднатите борци за сан-стефанска Бугарија во која е вклучена цела Македонија, изјави дека бугарските војници и во Балканските војни и во Првата светска војна се бореле за присоединување на Македонија и Тракија кон Бугарија.

-Денес е историски ден затоа што започнува возобновувањето на еден прекрасен споменик, кој беше отстранет само од идеолошки причини. Затоа што ако се потсетите, но после 1944-та година Првата светска војна беше наречена империјалистичка војна, а вистината е дека како и во Балканските војни, така и во Првата светска војна бугарската армија војуваше за обединувањето на бугарскиот народ и ослободувањето на останатите бугарски земји кои беа под туѓа власт во Македонија и Тракија, истакна Каракачанов.

Споменикот на лав со штит на кој ја има мапата на сан-стефанска Бугарија во која е вклучена цела Македонија, според Каракачанов, е споменик на тоа што ги обединува сите Бугари.

 

Возобновувањето на овој споменик доаѓа после потпишувањето на договорот меѓу Владата на СДСМ и Бугарија со кој Македонија се сложи на ревизија на својата историја според барањата на бугарската страна, како предуслов доколку ја сакаме нивната поддршка за ЕУ и НАТО.

 

Заев и СДСМ не се бореа нималку за македонските интереси во овој договор и го потпишаа уште невлезени во Владата, не го понудија на јавна дебата и неговата содржина ја криеја од јавноста, за разлика од Бугарите кои јавно го презентираа бидејќи се горди на отстапките кои Заев ги направи, а се поволни за националистичките духови во Бугарија.

Еден од најголемите анти-македонисти Божидар Димитров изјави дека доколку договорот се спроведе во целост, ќе значи дефинитивен крај за македонизмот.

 

 

Со антимакедонските тези се согласуваат и интелектуалците на СДСМ како Мирослав Грчев кои тврдат дека македонската нација и држава се измислени во 1945-та година.

 

 

 

Грчев, кој од Заев е задолжен да даде насоки што да се прави со спомениците на македонската историја од СК 2014, и порано се срамел од македонската историја и тоа гласно го изјавувал за бугарски телевизии и во минатото.

И додека во Македонија Мирослав Грчев ќе одбира кои споменици на Македонската историја ќе бидат отстранети, за да се по волјата на Грција и Бугарија, во Бугарија се возобновуваат споменици со мапи на Голема Бугарија во која е анектирана целосната територија на денешна Република Македонија.

НЕМА РЕАКЦИЈА ОД МНР

И додека на очиглед на целата јавност во Бугарија се слави свитканата кичма на Македонија, нема никаква реакција од нашето Министерство за надворешни работи.

Нашата редакција испрати прашање до МНР дали од нивна страна е реагирано на било каков начин во врска со поставувањето на споменикот и изјавите на Каракачанов, но до овој момент не ни е одговорено.

А токму вчера министерот Димитров во емисијата „Само Вистина“ на ТВ Канал 5 обидувајќи се да ги оправда нашите незамисливи отстапки и сложување за промена на историјата, изјави дека „ни Македонија не би сакала во соседни држави да има „иредентистички мапи“ како што тоа го имало во учебниците по историја во Македонија“ мислејќи на картите на географска Македонија во нашите учебници кои Грција ги користи како основ за да не прогласи за иредентисти.

Во конкретниот случај мапите на сан-стефанска Бугарија не се само во учебници, туку и на споменици кои се осветени од попови и промовирани од министри на бугарската влада, кои пропратно додаваат дека сан-стефанска Бугарија и непостоењето на самостојна Македонија е тоа што ги обединувало сите Бугари.

Дека ова е историјата на која ќе мора да се сложиме бидејќи СДСМ потпиша таков договор со Бугарија говори и фактот што Заев пред неколку дена во интервју за црногорска телевизија изјави дека во духот на добрососедството од учебниците во Македонија ќе се избришел зборот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ за да не сме ги дразнеле сетилата на соседите.

Тоа што тие на ова враќаат со споменици на Сан-стефанска Бугарија односно непостоечка Македонија е добар сигнал до каде доведуваат политиките на свиткана кичма и понизност на Заев и СДСМ.

Во истото гостување Заев најави и промена на учебниците во спорот со Грција, при што наместо Егејска Македонија територијата ќе сме ја нарекувале Северна Грција, бидејќи Грците така сакале. Со ова тој го погази споменот на илјадници деца врз чии глави паѓаа напалм бомби во војните кои се водеа во минатиот век во Грција, исто како што неговата пешадија го уништуваше споменикот на бегалците како дел од релјефот на Порта Македонија во платеничката шарена револуција на СДСМ.

На понижувањата на Македонија, македонскиот идентитет и историја се чини дека кога СДСМ е во прашање, им нема крај и дека е опасно човек и да помисли дека полошо од ова не може да биде – бидејќи Заев и СДСМ секогаш се чинат подготвени да докажат дека – може.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This