Каракачанов за Македонија: Сакаат да се претстават како нешто друго, но од двете страни на границата се наоѓаат истите луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските власти живеат со комплексите на антибугарство, изјави заменик премиерот на Бугарија и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

Македонија е единствената земја која во својот државен грб, својата химна и Устав, се потпира на постулатите на Коминтерната и на Тито. Од таму целиот отпор да се воспостави нормален човечки однос со Бугарија. Ние нема зошто да се делиме. На двете страни од границата се наоѓаат истите луѓе кои претежно зборуваат бугарски, зборуваат ист јазик, колку и да се прават обиди изминативе 73 години да се одалечат од бугарскиот јазик и да се претстават како нешто друго – изјави Каракачанов.

Според него, политиките на македонските власти по распадот на Југославија не водат кон создавање на посебен идентитет, туку кон уништување на бугарскиот. Тој додаде дека реториката на албанските партии станува се порадикална со повици за федерализација и барањата албанскиот јазик да се официјализира како втор службен јазик во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This