April 19, 2024, 10:19 pm

Каракачанов незадоволен од резултатите, Трифонов oдби да коментира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов рече дека не му се допаѓаат првите резултати објавени по денот на изборите.

Тој ги повика политичарите кои ќе влезат во парламентот да преземат одговорност и да формираат влада, наместо „да ја фрлат земјата во политичка и економска криза“.

„Лесно е да се оди на избори, особено кога некој друг ќе им плати – државата, тешко е да се преземе одговорност“, рече Каракачанов.
Бугарската политичка партија „Има таков народ“ на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов, пак, нема да ги коментира резултатите вечерва, и најверојатно тоа ќе го стори утре.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, непосредно пред крајот на денот на изборите, заменик-претседателот Тошко Јорданов ги повика приврзаниците да излезат на гласање.

Се уште нема информации каде гласал лидерот Слави Трифонов.

Се очекува БСП да даде изјава во 21 часот по локално време. Според прелиминарните анкети, БСП повторно е третата политичка сила, како што беше после 4 април.

Не се планираат официјални изјави или прес-конференции, но се очекуваат првите коментари на претставниците на формацијата. Прозападната партија на поранешниот министер за правда Христо Иванов ќе ја поддржи следната влада ако се потпре на реформите во судството и здравството, е-влада и зголемување на приходите.

Потенцијалните партнери остануваат „Има таков народ“ и „Исправи се!Мафијата надвор!”

„Ќе работиме за влада што навистина ќе има волја, амбиција и капацитет да направи длабока трансформација во Бугарија“, изјави Христо Иванов по денешното гласање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This