April 18, 2024, 11:47 am

КАРАКАЧАНОВ СО НОВИ HABPEДИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Продолжуваат да мислат дека се центарот на вселената, папокот на Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тие продолжуваат да мислат дека се центарот на вселената, ако не и папокот на Европа и оти некој легнува и станува со нивните проблеми, рече во вчерашното гостување на бугарската телевизија Канал 3, вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов, кој и овојпат не пропушти да ѝ држи лекции на Македонија и да ги навреди Македонците.

Со оглед на тоа дека сакаат да влезат во ЕУ, нека бидат добри и да ги почитуваат договорите што ги потпишале и да се однесуваат партнерски, му порача тој на западниот сосед.

Каракачанов очекува да има фактори што ќе извршат притисок врз Бугарија за евроинтеграцијата на Македонија, но, според него, има и други фактори што не се толку восхитени од проширувањето на ЕУ.

Не Македонија, туку Бугарија е полноправна членка на ЕУ и треба да се однесува достојно и да си ги заштитува интересите. Компромиси не треба да се прават. Тие сметаат дека некој некаде од Европа ќе ги притисне Бугарија и Владата и оти ние ќе се согласиме со безобразијата во однос на бугарската историја, фалсификатите и лошиот однос кон Бугарите во Македонија. Не гледам кој е тој политичар што ќе направи компромис, кој автоматски во Бугарија 90 отсто од граѓаните ќе го означат како предавство. Нема таков политичар во Бугарија, уште помалку во оваа Влада, категоричен е Каракачанов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This