КАРАКАЧАНОВ ЌЕ ФОРМИРА БУГАРСКА ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Негаторот на Македонската нација ќе отвара бугарска партија во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веднаш после потпишување на договорот, Бугарија отвора политичка партија преку која ќе се стреми да се меша во внатрешните работи на Република Македонија.

Иницијатор за отворањето на ова партија е Красимир Каракачанов  министерот за одбрана на Бугарија и лидер на  бугарската  ВМРО-БНД.  Каракачанов е  најгласниот бугарски политичар  и поборник на  тезата за непостоење на македонскиот народ.

Денес во хотелот Мериот се одржа прес-конференција на иницијативниот одбор за формирање на политичка партија ГДУ – Граѓанска Демократска Унија. Како членови се јавија Петар Колев досегашниот претседател на здружението  Македонско Бугарско пријателство и актуелниот потпретседател на ова здружение Ѓорѓи Трендафилов, поранешен пратеник и претседател на ВМРО НП.

 

Здружението Македонско Бугарско Пријателство кој е иницијатор за новата партија во земјава беше отворено како невладина организација која требаше да работи за зближување на Македонците и Бугарите. Но веднаш се испостави дека тоа ништо повеќе од  задгранично претставништво на  бугарската партија ВМРО-БНД чиј лидер е ултранационалистот Красимир Каракачанов.

Петар Колев воедно е претседател на претставништвото на  бугарската партија ВМРО-БНД за Република Македонија.  На отворањето сите ограноци на здружението низ Македонија секогаш присутни беа истакнати членови на ВМРО-БНД меѓу кои и европратеникот Ангел Џамбаски кој на  македонската јавност и е познат по националистичките изјави и провокации против Македонија, негирајќи ги Македонците како народ и македонската историја.  Додека пак на националните конференции веднаш до Колев секогаш присутен беше и најгласниот негатор на македонскиот народ Красимир Каракачанов.

 

 

Имајќи ги предвид досегашните ставови на актуелната власт и Зоран Заев може да се очекува  оваа партија да се најде во владејачката коалиција. Со тоа Бугарија ќе има механизам  со кој ќе може да се меша во внатрешните политики на Македонија.  Во јавноста се зборува дека прво на агендата ќе биде на пописот да има графа Бугари што би било  првиот чекор со кој ќе се  бугаризира на македонскиот народ.

23 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This