Каракачанов ocyден за говор на омpaзa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот бугарски министер за одбрана, и вицепремиер, Красимир Каракачанов е осуден за омраза кон Ромите.

Врховниот управен суд (ДКAC) одлучи дека изјавата која Каракачанов ја дал на 8 јануари во пловдивското село Војводинов била дискриминирачка во однос на Ромите.

„Циганите во Бугарија станаа крајно безобразни. Пред неколку години тие претепаа полицаец, пред два дена ја тепаа војската. Толеранцијата на бугарското општество истекува“, изјавил Каракчанов

Фактот дека изјавата на Каракачанов бргу се раширила во медиуите, како и тоа дека изјавата била насочена кон целата етничка група а не кон конкретните извршители на злосторството, дополнително влијало на одлуката на судот.

Случајот го води еден ромски активист и неговото здружение со правна помош на бугарскиот Хелсиншки комитет. Со својата одлука, ДКAC ги поништи пресудите на Комисијата за заштита од дискриминација и на Управниот суд – град Софија, кои не ја утврдија изјавата на Каракачанов за дискриминација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This