КАРАКТЕРИСТИКИ ШТО ГИ НАСЛЕДУВАМЕ САМО ОД ТАТКОТО : Еве зошто не постојат глупави жени на светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку сакате да ги предвидите менталните способности на вашиот син, погледнете го таткото на вашата избраничка: ако е многу паметен и вашиот син ќе биде таков!

Генетиката е најмистериозната и најинтересната наука. Секако дека децата наследуваат гени од двајцата родители, но ако таткото има доминантни особини, постои голема веројатност дека ќе ги пренесе на детето.

Генетиката не влијае само врз бојата на очите и обликот на телото, туку и врз подготвеноста за преземање ризици, но и врз начинот на кој спиеме!

Генетски карактеристики што ги наследуваме од таткото

Срцеви болести
Едно истражување потврдило дека мажите се носители на одредени видови хромозоми и имаат речиси 50% поголема шанса да заболат од срцеви болести. Во одредени услови, оваа карактеристика се пренесува и на синот.

Ментални заболувања
Од менталните заболувања што мажите ги пренесуваат на децата особено се издвојуваат шизофренијата, нарушеното внимание и хиперактивноста. Колку што таткото е постар толку поголема е веројатноста дека неговата ДНК ќе се смени со текот на годините, за разлика од жените кои се родени со одреден број јајце-клетки што не се менуваат во текот на животот.

Криви заби
Машките гени се задолжени за забите и формата на вилицата, бидејќи кај мажите се поизразени. Детето ги наследува кривите заби од таткото, но и слабата глеѓ.

Проблеми со плодноста
Научниците тврдат дека слабиот квалитет на спермата може да биде генетски проблем. Ако детето е зачнато со вонтелесно оплодување, постои голема веројатност дека подоцна ќе има проблеми со плодноста.

Пол
Машките гени го одредуваат полот на детето. Може дури и да се направи претпоставка ако се проучи татковото семејно стебло. Ако спермата носи хромозом Х и во телото се поврзе со мајчинскиот Х хромозом, ќе се роди девојче. Доколку спермата содржи хромозом Y, ќе се роди машко дете.

Боја на очи
Со оглед на тоа што машките гени се подоминантни од женски, поверојатно е дека формата на лицето и бојата на очите ќе бидат наследени од таткото.
Висина
Висината на детето исто така зависи од таткото. Високите мажи ќе имаат високи деца.

Како се пренесува интелигенцијата?
Интелектот не се пренесува од татко на син. Доколку таткото е гениј, неговиот син нема да наследи 100% од неговите гени. Менталната заостанатост исто така не се пренесува од татко на син.

Интелигенцијата на таткото може да се пренесе само на ќерката, и тоа половина. Синот може да ја наследи интелигенцијата од мајката, која, пак, ја наследила од нејзиниот татко.

Ќерките на гениите ќе наследат половина од интелигенцијата на нивниот татко, но затоа нивните синови ќе бидат гении како дедо им. Но доколку таткото не е толку паметен, ќерката ќе наследи само половина од глупавоста на татко ѝ.

Па затоа, ретко може да се најде жена која е апсолутен гениј, но не постои ни жена која е 100% глупава. Од друга страна, има многу мажи гении, но и исто толку целосно глупави мажи.

Заклучок за мажите:

За да ги предвидите менталните способности на вашиот син, погледнете го таткото на вашата избраничка. Доколку е многу паметен, и вашиот син ќе биде таков.

Вашата ќерка ќе наследи половина од вашиот интелект, па затоа по интелигенција ќе биде послична на вас. Нејзиниот син ќе ја наследи целата ваша интелигенција. Доколку сакате „паметна лоза“, надевајте се дека ќе добиете девојче.

Вашата интелигенција сте ја наследиле од мајка ви, односно од вашиот дедо по мајка.

Заклучок за жените:

Умот на вашиот син е копија на умот на вашиот татко.

Вашата ќерка, кога станува збор за образование, ќе се однесува како и вие, но ќе го има менталниот склоп на татко ѝ. Нејзините синови ќе бидат ментални копии на вашиот сопруг.

Извор:ubavinaizdravle.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This