КАРАМАНЛИС БАРА РЕФОРМИ: Македонија не може во ЕУ само со Преспанскиот договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот грчки премиер Костас Караманлис синоќа на академска јубилејна вечер во својот говор за актуелните интереси на Грција меѓудругото зборуваше и за ситуацијата со Македонија по недобивањето на датум за преговори со Европската Унија.

Што се однесува до позицијата на официјално Скопје, тој истакна дека земјите што се стремат – порано или подоцна – да станат членки на Европската унија, мора целосно да го усвојат и спроведат европското однесување, европски принципи и вредности.

„Хармонизацијата со нив не е автоматизиран процес. Таа мора да биде целосна и значајна. И тоа не може да биде условно. Вие не можете да ветите европско однесување само под мамка за пристапување во ЕУ и при секое одложување на преговорите да се заканувате со повлекување. Тоа би предизвикало дополнителни грижи за иднината. Не треба да се претпостави дека потпишувањето на Преспанскиот договор автоматски дава билет за Европската унија. И ова е добра можност за сите да го разберат тоа“, рече Караманлис.

Тој и натаму гледа „темни облаци“ на Балканот, велејќи: „Западен Балкан, 20 години по последната војна во регионот, за жал останува црна дупка на европската мапа. Да, во овој момент нема крвави конфликти , но ситуацијата со состојбата во Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, особено, стагнира, па дури и се влошува“.

Што се однесува до Договорот од Преспа, тој посочи дека консензусот што Грците го постигнале во Букурешт во април 2008 година не бил искористен како што треба и подоцнежните збиднувања ги покажале најголемите слабости на оваа спогодба..

„Моравме и можевме да бараме и да постигнеме многу повеќе. Неодамнешните случувања потврдија дека другите беа за влез во НАТО и во ЕУ на соседот, но тие сè уште треба многу да се докажуваат. На крајот на краиштата, се чини дека нивните проблеми се поголеми од прашањата со Грција, која исто така, ги покажа, на најочигледен начин, главните слабости на овој договор“, вели Караманлис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This