March 29, 2024, 12:47 am

КАРАМБОЛ ВО СУДОТ: Прибе е нарачка, АКМИСОТ оправдување, системот на распределба на предмети разбиен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прибе е нарачка, системот за распределување на предмети во судот разбиен, целта е да се осудат на затвор сите кои можат да го спречат разобличувањето на македонската држава


Ако досега не беше сигурно дека судството е под целосна контрола на СДСМ и Зоран Заев, сега веќе се е јасно. Според медиумите блиски до власта по случаен избор на АКМИС системот, судијката која го осуди Груевски на две години за непостоечко ќе им суди на обвинетите за тероризам од 27 април.

Според информации кои стигнаа до нашата редакција поранешната ВД претседателка на Кривичниот Суд Тања Михајлова спречила обид за лажирање на АКМИС системот бидејќи подолго време наназад судиите блиски до Зоран Заев правеле обиди да го нарушат работењето во Кривичен и да прикажат дека се вршени злоупотреби создавајќи хаварии во судот. Проблемите ги правеле самите лично или преку стручните соработници, меѓу овие судии блиски до Заев и СДСМ се судиите Весна Димишкова, Седат Реџепагиќ и Добрила Кацарска која го осуди Груевски. Меѓу овие судии е и долгогодишна пријателка на Кацарска, Славица Андреевска која определи притвор за битолскиот градоначалник Талевски.

Судијата Андреевска во конспирација со преседателот Џолев сега ја местат и ја обвинуваат поранешната ВД претседателка Тања Михајлова пред судскиот совет бидејќи спречила ваков обид за лажирање на АКМИСОТ со местење на предмет на СЈО во кој обвинителката Лиле Стефанова од СЈО на почетокот на 2017 година барала претреси и притвори за Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловск. Обвинителката Стефанова од СЈО и судијата Славица Андреевска пред крајот на работното време се затвориле во канцеларијата на судијата Андреевска каде обвинителката Стефанова тајно околу 15.00 часот ги донела предлозите на СЈО за притвор за погоре наведените и бидејки судијата Андреевска тој ден после 16.30 требало да биде дежурна чекале да помине време за да предметот по дежурство го добие судијата Андреевска а не според АКМИСОТ некој друг редовен судија. Во 16.00 часот Андреевска иако уште не било започнато дежурството побарала бројче од дежурниот службеник и започнала да работи надвор од АКМИСОТ, координирајќи се со Кацарска и Зоран Заев кои и тогаш а и сега го координираат и контролираат судството.

Во текот на денешниот ден кога Кацарска, беше определена да им суди на обвинетите за 27 април, во Кривичниот Суд се барале изјави и се вршеле разни видови на притисоци врз вработените во судот. Според добро упатени извори наводниот ,,експерт’’ Рајнхард Прибе е само нарачка која требала да го отвори патот за Зоран Заев и СДСМ да го превземат македонсото судство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This