Карачиќ: Се фалеа „Ние сме Барса“… епа „Ние сме Вардар“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По неверојатниот пресврт во Келн ракометарите на Вардар утре ќе го играат своето второ финале во Лигата на шампионите. Пред две години „црвено-црните“ во борбата за трофејот го победија Пари Сен-Жермен.

Противникот на македонскиот состав, унгарскиот претставник Веспрем ќе се обиде по четврти пат да се искачи на европскиот ракометен трон. Во претходните три обиди тоа не им успеа. Беа поразени од Магдебург во 2002 година, од Барселона во 2015 и од Киелце во 2016 година.

Завршниот меч од ракометната Лига на шампиони за сезоната 2018/19 меѓу Вардар и Веспрем ќе се игра утре во Келн со почеток во 18 часот.

Хрватот Карачиќ во изјава за екипа.мк истакна дека да се игра за Вардар е најголемо богатство.

„Одиграа одлично во првото полувреме, но ние покажавме карактер и успеавме да се вратиме. Благодарност до сите што ни даваат поддршка во овој период, да не се повторуваме за сите проблеми со кои се соочуваме. Покажавме и квалитет и карактер и го победивме моќниот противник. Се фалеа „Ние сме Барса“ како нивни слоган, епа „Ние сме Вардар“ и сите видоа што значи тоа. На ред е Веспрем, тим што како и Баселона е преполн со врвни ракометари, но ќе сториме се за да стигнеме до трофејот“ – порача хрватскиот ас во дресот на Вардар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This