КАРАЏИЌ СЕ ОГЛАСИ ОД ХАГ: Еве што порача!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател Радива Караџиќ е смирен, додека ја очекува пресудата во Хаг. Силно верува дека Второстепениот судски совет ќе ги уважи аргументите од неговата жалда и ќе ја исправи неправдата која му беше нанесена со првостепената пресуда. Пред јавното соопштување на одлуката тој испрати четири афоризми кои ги напишал додека бил во притвор во „Новости“.

-Кој наутро ќе си ја проголта гордоста, ќе има што да вечера!
-Во Хаг „СПОГOДБA е еднакво на Пораз“
-Тој е будала, но енергична бyдала!
-Кој стои позади пропаднат човек?

Правосудната пресуда ќе биде изречена денес, 20ти март, во 14 часот, а ќе ја соопшти претседателот на петочлениот судски совет, Ванг Јонсен. Преносот, како што беше најавено од Хаг од оперативни причини ќе оди пола час подоцна. Одлуката на судот да го одложи преносот најверојатно се должи на инцидентот со Хрватот Слободан Праљак кој испи отров пред камерите, за да може да се контролира што би се пуштило во јавност.

Караџиќ негува надеж дека епилогот ќе биде позитивен бидејќи многу прецизно укажа на нелогичностите и површноста во завршниот говор пред првостепениот совет. Тој повеќепати укажа дека неговата вина е утврдена врз основа на претпоставки. Караџиќ е оптимист бидејќи не верува дека судот два пати ќе замиже пред вистината и фактите.

Неговиот брат, Лука Караџиќ, кој присуствуваше на објавувањето на првостепената пресуда, овој пат нема да биде присутен од здравствени причини.

Караџиќ пред две години беше осуден со првостепена осува на казна затвир од 40 години поради геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото, кршење на законите и обичаите на војување и учество во злосторничко здружување. Од единаесет точки на обвинението осуден е за десет. Караџиќ сам се бранеше во текот на целата правна постапка, но имаше правен тим со кој се советуваше. Сам ја напиша и жалбата на првостепената пресуда која беше образложена на 2000 страници и во која бараше ослободување од обвиненијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This