КАРИЕРАТА НА МЕРКЕЛ ЗАВРШУВА СО ИСТЕКОТ НА МАНДАТОТ: Германската канцеларка нема да се кандидира за реизбор за претседател на ЦДУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел ѝ рекла на својата партија ЦДУ дека нема да се кандидира за реизбор како нејзин претседател во декември, велат партиски извори.


Оваа одлука доаѓа откако нејзината партија доживеа тежок пораз на регионалните избори, што е закана за стабилноста на владејачката коалиција.

Меркел е претседател на ЦДУ од 2000 година, со што стана еден од нејзините најдолгорочни претседатели.

Таа ја предводи Германија како канцелар од 2005 година и сака да остане на таа функција.

Меркел, наводно, им кажала на лидерите на партијата ЦДУ дека нема да се кандидира за лидер откако и оваа централнодесничарска партија и централнолевичарската партија СПД викендов претрпеа тежок удар на гласањето во државата Хесен.

Сепак, таа рече дека би сакала да остане канцелар, објави локалните медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This