March 28, 2024, 12:30 pm

КАРЛ БИЛТ СО НОВО СЦЕНАРИО: Ако Србите и Албанците направат договор, ќе исчезнат Македонија и Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се додека нема нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, нерешеното косовско прашање ќе ги ограничи потенцијалите на двете страни и стабилноста во регионот, оценува бившиот шведски премиер Карл Билт и истакнува дека „затоа идејата за нова поделба на територија одново е акутелна“

– Дискретно, српските и албанските политички лидери ја истражуваат можноста да се помират со своите разлики во врска со размената на територии – наведува тој во текст за „Вашингтон Пост“, додавајќи дека таа идеја не е нова и дека циркулира веќе со години во Блград, но дека од неодамна привлекла внимание во водечките албански кругови.

Тука може да постојат повеќе верзии. Косово би можело да го отстапи подрачјето северно од Ибар, населено главно со Срби, и да стекне дипломатски плусови, а можно е да добие и доменанто албанско население на југот на Србија. Спрскиот претседател Александар Вучиќ размислувал во тој правец, а и албанскиот Еди Рама делува расположен, како што ми рекол за време на разговорот – вели Билт.

Тој сепак смета дека, иако дискурсот полека се движи кон нови поделби во регионот, тоа е „рецепт за геополитичка нестабилост“, бидејќи Балканот „и онака е премногу балканизиран“.

Билт вели дека има и такви кои во Брисел и Вашингтон би можеле да се согласат околу размената на територија помеѓу Србија и Косово, зошто ние да имаме забелешки.

Тој сепак смета дека таквиот пристап може да предизвика неволји во иднина.

– Несомнено, компромис мора да се најде помеѓу Белград и Приштина, за да се унапредат европските и атлантските интеграции на двете земји. То може да вклучи и степен на децентрализација за српските делови на Косово, и може да значи прием на Косово во ОН – наведува тој.

– Постепената интеграција на Србија и Албанија во ЕУ и НАТО, сите на база на постоечките граници и ограничувања, се единствен пат кон трајна нестабилност во регионот. Играњето со границите и поделбите на Балканот би биле опасни како во раните 1990-ти и останува така и сега.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This