КАРОЛИНА РИСТОВА-АСТЕРУД ЌЕ ПОДДРЖИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Екс-пратеничката на СДСМ објасни зошто ќе поддржи кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓу триесетината интелектуалци кои предложија професорката Гордана Силјановска да добие поддршка за претседател е и професорката од Правниот факултет Каролина Ристова-Астеруд, поранешна пратеничка и функционерка на СДСМ.

V

Таа во разговор за весникот “Независен” Ристова наведува три причини за, како што вели, поддршката и охрабрувањето на Силјановска да се кандидира на претседателските избори:

Прво, во оваа политичка клима и контекст во Македонија сметам дека не е умно, дури ми е загрижувачко и застрашувачки сите клучни политички институции да бидат доминирани од една политичка опција, владејачката, независно што тоа е мојата вообичаена политичка опција со која јавноста ме идентификува. Всушност ,ова е преседан и во моето лично политичко и граѓанско однесување бидејќи досега секогаш сум ги поддржувала чисто партиските претседателски номинации на СДСМ, со убеденост дека тоа е најдобро за земјата. Меѓутоа, сега, во овој момент и контекст, како граѓанка на Македонија, јас сум шокирана и уплашена од авторитарните и тоталитарните матрици кај многумина во и околу власта. Од сето екстремизирано и отворено мразење на концептите на политичкиот плурализам и опозицијата, од презирот, релативизацијата и банализацијата на владеење на правото, а сето тоа обландирано со некаков синдром на ‘кога жртвата станува џелат’, како и со некакво фанатизирано чувство дека за наводни ‘исправни цели’, дури и со фанатизирана умисленост дека власта е единствено паметна да ги види, нема потреба да имаат какви било кочници и обѕири, дури ни најосновните што ги бара Уставот на земја која претендира да биде слободна и демократска. Тоа ме убедува дека е најдобро преку претседателската функција да вградиме барем една, но клучна кочница и рамнотежа во актуелното оперирање на политичката власт, инаку на сигурен пат сме да добиеме надградена копија на истото тоа што сум се борела против измината деценија. Втората причина е што верувам дека токму Силјановска-Давкова е вистинската личност за тоа, мислење засновано на долги години непосредно познавање на нејзината независна и критична личност и работа. Со неа не сум се согласувала за многу работи, често сме биле и во концептуални или професионални конфликти, но во ниеден момент ме нема разочарано ниту уплашено со нејзината вредносна матрица. Можам дури да кажам дека е најблиска човечка персонификација на темелните вредности на нашиот Устав, засилено со знаење, интегритет и борбеност тоа да го штити. Третата причина е секако фактот дека е жена и мислам дека е време да направиме историја и со прва жена – претседателка на Македонија, и токму во неа гледам граѓанка со силна граѓанска и феминистичка свест, секако комбинирано и со животна и професионална зрелост, мудрост, такт и изострено чувство на правичност и фер-плеј, а кои се нужни за честа и одговорноста да се биде избран на таква клучна државна функција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This