КАРПОШАНИ СЕ ТРУЈАТ, БОГОЕВ ШОПИНГУВА СО БОКИ 13: Додека нелегални топилници на олово ги трујат карпошани, Богац си тера ќејфови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Карпош и Скопје се гушат во смог кој доаѓа од нелегалната топилница на олово во Момин Поток, Стефан Богоев максимално ги користеше шопинг попустите за „Блек Фрајдеј“ во друштво на неговиот верен другар Боки 13

„Уште ништо не си сработил, си делиш Живанши и Валентино со Боки 13. Срамота!“ – коментираат граѓаните на објавата на која градоначалникот на Карпош Стефан Богоев кој од доаѓањето на функција сеуште нема ништо конкретно сработено во општината, иако имаше низа на ветувања.

Претходно, екс-претседателот на градската организација на СДС Љупчо Палевски објави дека Богоев штити функционер на ДУИ во Карпош кој има отворено нелегална топилница на олово која неконтролирано ги труе граѓаните.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Богоев, мрдни го газот, затвори го најголемиот загадувач во Скопје, на твоја територија се наоѓа. Престани да лажеш, еве ти стара фотографија од 20 минути што се случува на 500 м од Систина и 3,5 км од ЦЕНТАР на Скопје. Ѓубриња неодговорни испаднавте, глад за власт и пари, ништо повеќе. Од Петре не очекувам ништо, со него по финансиски институции ќе се смеемe. – пишува Палевски на својот ФБ профил.[/kopa_block_quote]

Боки 13 преку неговата невладина организација доби свои луѓе во општина Карпош, а деновиве и во град Скопје. Практично, после Стефан Богоев, чиј татко Владо Богоев е во управниот одбор на невладината на Боки 13, тој си доби уште еден “свој човек” во градската управа.

 

Станува збор за Енвер Малиќи за кого во петокот беше донесена одлука од страна на градоначалникот Петре Шилегов да биде именуван за негов заменик.

За блискоста на Боки 13 со актуелниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев пишуваа медиумите. Практично со ова се покажува дека секој раководен кадар во Скопје поминува низ рацете на Боки 13. За кои луѓе стануа збор?

Енвер Малиќи во јавноста е познат како сопственик на фирмата „Гемак трејд“ која се занимава со дистрибуција на алкохолни пијалаци, а истотака е и газда на комплекс Парк Хотел и Спа. Во 2010 година Малиќи и неговото семејство беа центар на внимание откако некој фрли рачна бомба во нивниот двор. Во тоа време се претпостави дека оваа бомба била дел од рекетарска пресметка т.е дека била поврзана со аферата на синот на Малиќи, Алтин Малиќи кој во истиот тој период беше директно инволвиран во шверц со дрога и заедно со уште неколку луѓе беше товарен за царинска измама додека тој поради тој случај беа заминати во странство.

Синот на Малиќи, според МВР во 2008 година двајцата создале криминална група заедно со останатите пријавени, при што во периодот 2008 до 2009 година, во четири наврати, од фирмата „Спортина Блед” д.о.о. од Словенија набавиле и избегнувајќи ја царинската контрола нелегално прокриумчариле во Македонија луксузна, брендирана текстилна стока од марките Армани, Кавали, Долче и Габана во вкупна вредност од 13.270.992 денари или околу 216 000 евра. Таквата облека ја продавале преку бутикот “Република дела мода” во ГТЦ Скопје, со што избегнале да платат вкупно 6.964.005 денари или околу 113.500 евра оштетувајќи го државниот буџет.

Но приказната за синот не завршува тука. Алтин Малиќи на својот инстаграм профил се пофали со сопствениот автомобил „Viper“ кој има вредност од приближно 180.000$. Луксузниот живот на Малиќи е исполнет и со хоби кое за еден час чини повеќе од 10.000$. Тој веќе подолго време живее во САД заедно со својата фамилија.

Исто така гласини од градот, но и сликите од профилите на неговата ќерка Резеарта Малиќи укажуваат на огромното богатство кое ова семејство го поседува и сопственост на сите локали кои се во кругот на комплексот Парк покрај реката Вардар, вклучувајќи ги кафичот Brick, лаунџ барот Twins, лаунџ барот Four.

Освен кланот Малиќи, тука е и таткото на Стефан Богоев кој важи за еден од главните финансиери на невладината ИМЕ каде претседател е токму Боки 13.

Очигледно, богатењето на Боки 13 и објавувањето слики со скапи парчиња облеки и накит ја револтира и иритира јавноста,која секој ден се повеќе тоне во сиромаштија поради расипничката политика на СДСМ и неговото неконтролирано однесување.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This