КАРТУГАЛОС: Очекував повеликодушен став од Европа за C Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очекував еден подоследен и повеликодушен став на Европа кон C Македонија, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“, коментирајќи ги одлуките на Советот на министри на ЕУ за нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Постои општа опасност за кредибилитетот на ЕУ ако остави впечаток дека не ги исполнува нејзините обвpcки кон земји како што е C Македонија кои целосно ги исполнија нивните. Од овие причини, очекував еден подоследен и повеликодушен став на Европа кон оваа земја. Но, и вака, отворен е патот за отпочнување преговори од октомври, вели Катругалос.

Во однос на ставовите на опозициите во двете земји, шефот на грчката дипломатија вели дека е позитивно тоа што Нова демократија го прифаќа Договорот од Преспа и додава дека е важно тоа што во заклучоците на Совет за општи работи вклучено е и спроведувањето на Договорот.

Официјалното прифаќање на Договорот од раководството на Нова демократија и покрај тоа што постојат несогласувања од крајно десничарското крило, јасно е дека е позитивна paзврска. Но, постои уште една поважна paзврска: неодамнешната одлука на Совет за општи работи, надлежното тело на ЕУ за пpoширувањето, јасно и по прв пат го поврзува лојалното спроведување на Договорот од Преспа со интегративната перспектива на соседната земја. Ова е основна гаранција, C Македонија никогаш повеќе да не се врати на нациoнqлистичките политики од минатото, па дури, иако мислам дека не е можно, да има каква било промена на власта, вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This