КАСАМИ: АЛБАНЦИТЕ МАСОВНО ЌЕ ЈА ДАДАТ ПОДДРШКАТА ЗА ПРОФЕСОРОТ РЕКА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за претседател, професорот Блерим Река, синоќа оддржа митинг во Кичево. Со кандидатот за Претседател беа и лидерите на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и движењето Беса, Билал Касами кои му ја дадоа својата поддршка како единствен кандидат од албанската етничка заедница.

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, нагласи дека Албанците ќе гласаат со дигнитет за концептот „За република“, што го нуди Река.

“Со нивната кампања, нашите политички противници сакаат да не убедат дека Македонците не се подготвени да гласаат за Албанец. Но ние ќе ги убедиме во спротивното. Ќе им докажеме дека и македонците и особено албанците масовно ќе го поддржат професорот Река, истакна Касами.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This