Касами избран за претседател на Беса

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Биљал Касами е избран за претседател на Движењето Беса, односно на негово крило. Со поддршка од 60 делегати за кандидатура и 455 за претседател, Касами ја доби довербата за уште еден мандат. Во првите негови зборови потоа, Касами ги коментираше последните превирања во Беса, нарекувајќи ги игри и тенденции за раскол во партијата. Според него, крилото кое веќе и јавно е против него, има за цел да ја разори Беса, а не да ги победи политичките противници. Прашањето на двата дела на партијата, Касами им го доверува на институциите.

„Тука сме за да го артикулираме политичкиот глас. За правни прашања се занимаваат надлежните органи. И за ова прашање ќе се занимаваат правните институции. Не сакаме правните прашања да ги користиме за политички цели. Движењето Беса е едно. Има еден конгрес и денеска го избра првиот човек и партиските органи. Другиот дел е прашање на органите на редот“, рече Касами.

Запрашан дали е подготвен да му се приклучи на парламентарното мнозинство, Касами истакна дека нивната позиција зависи од ставот на Владата.

„Моментално сме дел од опозицијата и ќе продолжиме да го артикулираме гласот на опозицијата. Ако имаме понуда да бидеме дел од владата, секако дека ќе дискутираме“, одговара Касами.

Касами оценува дека фракциите во Беса нема да влијаат во парламентарната група се додека некој од пратеници не го декларира спротивното. Моментално, Касами има поддршка од двајца пратеници, Фадил Зендели и Теута Биљали, додека другото крило ја има поддршката на Неџбедин Кахремани, Реџеп Мемеди и Африм Гаши.

Последниов на конгресот на 18 февруари беше избран за лидер на неговото крило во Беса. Расколот во Движењето се појави по локалните избори. Скопското крило одржа состанок на Централното раководство и го разреши Касами од лидерската позиција. Касами пак, неколку дена подоцна ги зазеде канцелариите во Скопје каде ја премести централата на партијата, потег за кој доби потврда и од државата.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This