КАСАМИ ОСТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БЕСА: Основниот Суд во Скопје пресуди Биљал Касами да остане претседател на БЕСА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основниот судот – Скопје 2 го одби барањето на противниците на Биљал Касами за нов привремен лидер на БЕСА да биде впишан Неџмедин Карамани.

Поддржувачите на Касами велат дека со ова завршува манипулацијата на една нeзадоволна група, коja, според нив, лажно се претставувале дека имаат мнозинска поддршка во партијата.

-Со ова конечно завршува манипулацијата која имаше намера да и наштети што повеќе на БЕСА – рече Абдуш Демири.

Од спротивниот табор, пак, објаснуваат дека судот не го оспорил мнозинството против Касами, туку постапката на доставување на документацијата, поради што, велат тие, конечната одлука ќе ја донесе по конгресот.

-На конгресот, освен легитимитетот, и легалноста ќе му припадне на апсолутното мнозинство – рече Даим Лучи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This