КАТАРЗА ВО САРАЕВО: Изетбеговиќ го нарече Ердоган гласник на Бога

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на митингот во Сараево ги повика своите симпатизерите да гласаат на претседателските и парламентарните избори во Турција за него. На настанот присуствувапе и претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, кој го нарече својот гостин “Божјиот пратеник”.

Во Турција ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори на кои Ердоган во се обидува да го привлече гласот на милиони Турци кои живеат во земјата и Западна Европа, а имаат право на глас во Турција.

Германија, Австрија и Холандија ги забранија митинзите на Ердоган на нивната територија , но во Босна, Ердоган доби зелен светло и одржа свој митинг на кои допатуваа луѓе од цела Европа.

Влезот на Ердоган во салата “Зетра” беше поздравен од страна на неговите подржувачи со громогласен аплауз, со турски знамиња и неговите фотографии.

Турскиот претседател ги критикуваше западноевропските држави за забрана на собирите на неговите поддржувачи.

БиХ е, за разлика од нив, е навистина демократска земја, рече Ердоган и ја истакна историската врска помеѓу двете земји.

“Народот во Босна и Херцеговина покажа дека нашиот век на пријателство и другарство трае и ќе продолжи да трае”, рече Ердоган, додавајќи дека времето кога Турција треба да и покаже сила на цела Европа.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This