Катарина Радивојевиќ: Да ја гледаа Американците Зоне, ќе бев холивудска ѕвезда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актерката открива колку и било тешко да постигне успех во Србија и зошто се уште не ја освоила Америка. Катарина Радивојевиќ со години живее и работи во Лос Анџелес. Таа од Србија замина на врвот од популарноста, непосредно откако филмот „Зоне Замфирова“ доживеа регионален успех.

-Американците не ја гледаа Зоне, а да беше тоа така ќе имав холивудска кариера. Но работам на тоа, бидејќи знам колку тежок и макотрпен процес е тоа. Во својата земја постигнав успех по десет години занимавање со глума, не гледам поради што мојот пат во Америка би бил пократок. Кога одите во друга земја, треба време да остварите контакти, да запознаете луѓе… Ништо не можете да добиете набрзина, особено ако играте на големо. А јас не играм на мало- вели Катарина за српски Ало.

Таа вели дека е во години кога убавината не е карта на која сака да игра.

-Паметната жена игра на други нешта, бидејќи физичкиот изглед не може да биде нешто што исклучително не одредува. Неопходно е да се едуцирате, морате да знаете како да се однесувате, важно е да имате животно искуство, заклучува убавта актерка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This