КАТАР ЈА НАПУШТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА НАФТАШИТЕ (OPEC): Најголемиот производител на течен гас најави повлекување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катар ќе се повлече од Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), на први јануари 2019 година, изјави денес катастарскиот министер за енергетика Саад Шенда ал-Кааби, пренесе државната компанија „Qatar Petroleum“ на својот Twitter профил.

Компанијата „Qatar Petroleum“, чиј челник е министерот Саад Шенда ал-Кааби, објави дека OPEC е известен за катарското повлекување од овој нафтен картел.

„Одлуката за повлекувањето е одраз на желбата на Катар да се насочи на своите планови за развој и зголемување на производиството на природниот гас од 77 милиони тони годишно на 110 милиони тони во претстојните години“, изјави министерот на прес-конференцијата во Доха.

„Катар е горд што е на чело на меѓународните произведувачи на природен гас, како и со тоа што е најголем извозник на течен земен гас (LNG), најчистото фосилно гориво, кое на Катар му овозможува силна и флексибилна економија“, го цитира компанијата министерот ал-Кааби.

Катар е најголемиот светски извозник на течен гас, извезува 80 милиони тони LNG годишно, но само 10 отсто од тоа е наменето за земјите во Блискиот исток, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати и Египет. Катар произведува околу 600.000 барели нафта дневно.

Пребогатиот Катар, една од најмалите арапски земји со 11.437 квадратни километри и околу 2,5 милиони жители од кои 90 отсто се странци, одби да влезе во Федерацијата на Обединетите Арапски Емирати во 1971 година кога доби независност по 55-те години британски протекторат.

Со семејсвото ал-Тани коешто владее од средината на XIX век, Катар ја јакнеше дипломатската активност во светот во периодот на ткн Арапска пролет од 2011 година кога беа соборени авторитарните челници во повеќе муслимански земји од Северна Африка и Блсикиот исток, преку сателитската телевизиска мрежа Al Jazeera.

Како членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), Катар е првиот светски произведувач и извозник на течен гас и располага со третите најголеми резерви во светот, а со големото богатство од нафта и од гас, приходот по глава на жител е меѓу најголемите во светот со 138.480 долари за 2015 година, стекнуваше големи удели во инвестициите на Западот.

Така, меѓу другото, Катар поседува 17 отсто од капиталот во германскиот автомобилски гигант „Wolkswagen“ , 10 отсто од „Empire State Building“ во Њујорк. Вложи 40 милијрди британски фунти (46 милијарди евра) во Велика Британија последните години, а од 2011 година и стотина милијари евра во францускиот спортски клуб – фудбалскиот и во ракометниот – Парис Сен Жермен и во телевизијата beIN sport France.

Катар започна да гради фараонска инфраструктура за Светското фудбалско првенство во 2022 година, вредна 200 милијарди американски долари, но доделувањето на организацијата на оваа земја предизвика и сомневања и антикорупциски истраги во ФИФА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This