Катар ќе го напушти ОПЕК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катарскиот министер за енергија соопшти дека неговата земја сака да ја напушти Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК. Тоа би требало да се случи веќе во јануари 2019.

Членството на Катар во Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК ќе заврши веќе во јануари 2019 година, најави денеска министерот за енергија Саад Шерида ал-Каби. Според негови наводи, ОПЕК за одлуката на Катар била информирана непосредно пред таа да биде и јавно соопштена, јавува Дојче Веле.

Најголемиот светски производител на нафта Саудиска Арабија, како и Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет, во летото 2017-та ги прекинаа своите дипломатски односи со Катар и воведоа сообраќајно и трговско ембарго против оваа држава од Заливот. Тие го обвинуваат Катар дека дава поддршка на „тероризмот“ и негува преблиски односи со шиитски Иран, кој е смртен непријател на Саудиска Арабија. Катар ги отфрла обвинувањата.

Земјите на ОПЕК на крајот на неделава се среќаваат со останатите важни земји производители на нафта

Цените на нафтата ќе се зголемуваат?

Претходно, цените на нафтата значително се зголемија како резултат на обновениот пакт помеѓу двете важни земји производители – Русија и Саудиска Арабија, но и намаленото производство во Канада. Еден барел нафта (159 литри) од сортата Брент денеска чини 62,33 долари, што е за 2,87 долари или околу 5% повеќе од петокот вечерта. Цената за барел американска сурова нафта од сортата ВТИ се зголеми за 2,70 долари и изнесува 53,63 долари. Тоа е прво запирање на намалувањето на цената на нафтата од почетокот на октомври досега.

Експертите сметаат дека тоа се должи пред сѐ на договорот на Русија и Саудиска Арабија да го продолжат својот пакт за посилна контрола на пазарот на нафта. На тој начин се отвора патот за најважните земји производители на нафта да го намалат производството, со што би се намалила преголемата понуда.

Земјите на ОПЕК на крајот на неделава се среќаваат со останатите важни земји производители на нафта на разговори околу реакција на падот на нафтата од изминатите недели. Ескпертите сметаат со намалување на производството, но прашање е колкаво ќе биде тоа намалување и колкава согласност ќе имаат земјите за тоа прашање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This