КАТАСТРОФАЛЕН ДОГОВОР ЗА МАКЕДОНИЈА: Со договорот Македонија се откажува од малцинството, јазикот, историјата и суверенитетот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и владата на СДС денес го објавија договорот за, како што велат, добрососедство со Бугарија кој претходно предизвика низа на сомнежи во јавноста. По објавувањето, сомнежите се потврдија

 

Република Македонија, доброволно се согласува дека по потпишување на договорот нашата Влада и институции ќе се откажат од секаква помош на Македонското малцинство во Бугарија, кое бугарската влада не го признава и покрај пресудата на Судот за човекови права во Стразбур.

Во членот 11 став 4 се вели „Секоја од договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територија на другата Договорна страна, а во согласност со меѓународното право“
-Со овој член, Бугарија го добива правото да реагира во внатрешните работи на Македонија, ако смета дека некој од оние Македонци кои земале Бугарски пасош поради економски причини, му биле прекршени правата од страна на Р.Македонија. Со овој член практично се воведува двовластие, односно надворешна власт врз суверена држава. Во случајов Р.Македонија.

Во истиот член, став 5 Македонија се согласува да се откаже од правата на Македонското малцинство во Бугарија. Во ставот 5 од членот 11 се вели:

„Република Македоија, потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лицата, кои не се државјани на Република Македонија“ .

Имајќи во предвид дека Бугарската држава не го признава посетоењето на Македонско малцинство, со овој договор сега и Македонија потврдува дека Македонци во Бугарија нема.

Во договорот се предвидува и формирање на меѓувладини комисии со кои ќе се контролира спроведувањето на договорот, ќе се вршат интервенции во историските факти и вистини, е ќе се менуваат учебниците по историја, но и ќе се контролираат, казнуваат и затвараат медиуми кои ќе го критикуваат договорот, и тоа на предлог на Бугарската страна.

Со овој катастрофален договор, Македонија практично станува протекторат на соседна Бугарија.

 

24 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This